сабота, 17 мај 2025

Иран се подготвува за посетата на Путин, вели Техеран

Иран се подготвува за посетата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави во понеделникот портпаролката на иранската влада Фатемех Мохаџерани, пренесе руската државна новинска агенција РИА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов се работи на патувањето на Путин во Техеран, подготовките се во тек“, рече Мохаџерани. Засега нема коментар од Кремљ.

Путин во 2022 година одржа разговори со врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во Иран, прво патување на лидерот на Кремљ надвор од поранешниот Советски Сојуз, откако ја нареди инвазијата на Украина.

Додека Москва купуваше оружје од Иран за војната во Украина и потпиша 20-годишен договор за стратегиско партнерство со Техеран во почетокот од оваа година, нивниот однос од 16 век, кога Московија официјално воспостави односи со Персиската империја, понекогаш беа проблематични, вели Москва тајмс.

Иранските власти велат дека Москва често зборува остро, но внимава да не биде вовлечена во голема војна на Блискиот Исток, и покрај руското навлегување во Сирија во 2015 година.

За разлика од некои договори што Русија ги склучи со други земји, договорот за стратегиско партнерство потпишан меѓу Иран и Русија претходно оваа година не содржеше клаузула за заемна одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ