сабота, 4 април 2026

Иран постави пет услови за крај на војната

Иран како еден од условите за окончување на конфликтот со Соединетите Американски Држави и Израел постави почитување на своето право на цивилна употреба на нуклеарна енергија, изјави дипломатски извор од Исламската Република, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Меѓу условите за прекинување на војната е траен мир во нашиот регион, а не само примирје, со кое веќе имаме горчливи искуства. Механизмот за постигнување траен мир вклучува осуда на агресорот, воени репарации за материјалната штета, укинување на сите санкции и почитување на правото на Иран на мирна употреба на нуклеарна енергија“, кажа изворот.

Условите на Иран, според изворот:

 

траен мир, а не само примирје

осуда на агресорот

воени репарации

укинување на санкциите

цивилна употреба на нуклеарна енергија

 

Истиот извор истакна дека немало разговори меѓу Техеран и Вашингтон од почетокот на конфликтот, иако Соединетите Американски Држави наводно ги бараат.

На крајот на март, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека двете страни почнале да разговараат за решение на конфликтот.

Сепак, иранското Министерство за надворешни работи негираше дека се одвива директен дијалог, но потврди дека Техеран добил пораки преку посредник за желбата на Вашингтон да почне разговори.

Според извештајот на Прес ТВ, Иран поставил пет услови за прекин на конфликтот, кои вклучуваат гаранции дека војната нема да се повтори и меѓународно признавање на контролата на Техеран врз Ормускиот теснец.

Во исто време, САД преместуваат сè повеќе воени сили на Блискиот Исток. Трамп се закани дека ќе изврши силни напади врз Иран во следните две до три недели, додека министерот за одбрана Пит Хегсет кажа дека Вашингтон не ја исклучува можноста за копнена операција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ