Ова е прв пат иранските власти да го споменат Бахман Чуби Асл по име, а не беше веднаш јасно кога бил уапсен.
Во јуни, Иран и Израел водеа 12-дневна војна предизвикана од израелските напади врз воени, владини и нуклеарни објекти.
Иран возврати со испукување ракети и беспилотни летала кон Израел, држава што иранските лидери не ја признаваат.
Од крајот на непријателствата, Иран соопшти дека ќе одржи забрзани судења за осомничените за соработка со Израел.
Израелските власти објавија серија апсења за шпионажа и погубување на неколку лица прогласени за виновни за соработка со Мосад, израелската служба за надворешно разузнавање.
Судските власти денес соопштија дека Чуби Асл соработувал „тесно“ со израелската разузнавачка служба и имал „специјален пристап до витални и суверени бази на податоци“ во Иран.
Во израелската офанзива во јуни беа убиени високи воени функционери, научници што работеа на нуклеарната програма и други луѓе, претежно цивили.
На 9 август иранските судски власти објавија отворање истрага за околу 20 лица уапсени поради нивни наводни врски со Израел. Неколку дена претходно, Иран го погуби Розбех Вади, човек обвинет за пренесување информации за нуклеарен научник убиен за време на таа војна.






