понеделник, 6 април 2026

Иран одбива прекин на огнот додека се приближува рокот на Трамповиот „пеколен“ ултиматум

Иран одбива привремен прекин на огнот, бара трајно завршување на конфликтот преку Пакистан. Одговорот на Техеран вклучува укинување на санкциите, безбеден премин низ Ормускиот теснец и обнова, додека Трамп се заканува со жестока акција ако Иран не се согласи со договорот до рокот во вторник, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД и Иран денеска разгледуваа рамковен план за завршување на петнеделниот конфликт, додека Техеран порача дека сака трајно завршување на војната и се спротивстави на притисокот брзо да го отвори Ормускиот теснец под привремен прекин на огнот.

Иран го доставил својот одговор на американскиот предлог за завршување на војната до Пакистан, одбивајќи прекин на огнот и нагласувајќи ја потребата од трајно завршување на војната, соопшти денеска официјалната агенција ИРНА.

Иранскиот одговор се состоел од 10 точки, меѓу кои завршување на конфликтите во регионот, протокол за безбеден премин низ Ормускиот теснец, укинување на санкциите и обнова, додава агенцијата.

Трамп се закани дека ќе „истури пекол“ врз Техеран ако не постигне договор до 2 часот по полноќ в среда (20 часот по источноамериканско време во вторник), што би овозможило повторно движење на сообраќајот низ клучната рута за глобалните енергетски испораки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ