недела, 1 март 2026

Иран објави снимка од уривање на моќен американски дрон (ВИДЕО)

Иран објави дека неговите сили собориле американски дрон ем-кју-9.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот ем-кју-9 „рипер“ е повеќенаменско беспилотно летало кое го користат американските воздухопловни сили и други западни војски. Тоа е голем воен дрон наменет за долготраен надзор, извидување и собирање разузнавачки информации, но и за извршување прецизни воздушни напади. Леталото може да остане во воздух повеќе од 24 часа и да работи на големи надморски височини, без пилот во кабината.

Покрај сензорите за надзор и камерите со висока резолуција, ем-кју-9 може да носи и наведувани ракети и бомби, што го прави една од клучните алатки на САД во современите воени операции.

Американската војска сè уште не ги коментирала овие обвинувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ