сабота, 13 декември 2025

Иран објави снимка од „подземен ракетен град“ (ВИДЕО)

Иранските државни медиуми објавија снимка на која се гледаат двајца високи ирански воени функционери како обиколуваат огромен подземен воен комплекс. Техеран го нарече „ракетен град“.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во видеото, началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Мохамад Хосеин Багери и командантот на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Амир Али Хаџизадех со возило поминуваат низ долгите тунели полни со проектили. Во позадина се слуша драматична музика.

Ова е трета ваква база што Иранците јавно ја откриваат за помалку од еден месец, нагласувајќи ја својата воена моќ во услови на зголемени тензии со САД и Израел.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека иранските сили се подготвени да спречат каков било надворешен напад. „Нашите непријатели добро знаат какви би биле последиците од каков било напад на наша територија“, им рече тој на новинарите во понеделникот.

Арагчи исто така потврди дека Иран ги отфрла директните преговори со САД, но не ја исклучи можноста за индиректни разговори преку посредници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ