„И покрај тоа што беа заштитени со напредни системи за противвоздушна одбрана, воената разузнавачка управа на војската на ционистичкиот режим, позната како АМАН, и центарот на Мосад во тел Авив, кој служи за планирање атентати и злонамерни дејства, се погодени во нападот на ИРГЦ“, се наведува во соопштението.
ИРГЦ додаде дека во погодениот центар на Мосад гори оган.
BREAKING:
Iran strikes Israeli intelligence agency Mossad’s HQ. pic.twitter.com/7KxhG4fbhq
— Globe Eye News (@GlobeEyeNews) June 17, 2025
Иранската војска изврши неколку последователни одмазднички ракетни напади на израелски цели од 13 јуни, откако Израел го нападна Иран.
Израелската војска во своите напади на нуклеарните и воените објекти, но и цивилните цели уби повеќе ирански воени команданти, нуклеарни научници како и жени и деца.