Специјалниот американски претставник Стив Виткоф го повтори вчера ставот на Вашингтон дека секој нов договор меѓу САД и Иран мора да вклучува согласност за незбогатување ураниум за да не дојде до развој на нуклеарно оружје. Техеран тврди дека неговата програма за нуклеарна енергија има исклучиво мирнодопски цели.
„Нашиот став за збогатувањето е јасен и повеќе пати изјавивме дека тоа е национално постигнување од кое нема да се откажеме“, кажа Тахт Раванчи. За време на својата посета на регионот на Персискиот залив минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека договорот е многу блиску, но дека Иран мореа брзо да дејствува.
За време на својот прв претседателски мандат од 2017 до 2021 Трамп ги повлече САД од договорот од 2015 меѓу Иран и светските сили, кој постави строги ограничувања на активностите на Техеран за збогатување во замена за укинување на меѓународните санкции.
Трамп, кој договорот од 2015 го нарече едностран и во корист на Иран, повторно воведе еднострани американски санкции на Иран. Техеран возврати со зголемување на збогатувањето на ураниумот.