вторник, 10 март 2026

Иран нуди премин низ Ормускиот теснец – за земјите што ќе ги избркаат амбасадорите на САД и Израел

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека секоја арапска или европска земја што ќе ги протера амбасадорите на Израел и на Соединетите Американски Држави од својата територија ќе добие целосно право и слобода на пловидба низ Ормускиот теснец, пренесоа иранските државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според нив, таа мерка би важела за бродовите што пловат под знамето на тие држави или се управувани од компании регистрирани во нив.

Кризата на Блискиот Исток веќе сериозно го наруши бродскиот сообраќај и извозот на енергенси низ Ормускиот теснец, низ кој минува приближно една петтина од светските испораки на нафта и течен природен гас.

Стотици бродови и понатаму се закотвени од двете страни на овој стратегиски морски премин, додека нафтените и поморските пазари внимателно го следат секој сигнал дека пловидбата низ овој тесен коридор би можела повторно да се нормализира, јавува Ројтерс.

Ормускиот теснец, кој го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив, е еден од најважните енергетски премини во светот. Низ него секојдневно поминуваат десетици танкери што транспортираат нафта од Саудиска Арабија, Ирак, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати кон глобалните пазари.

Стравувањата од евентуално затворање на теснецот веќе предизвикаа нагло поскапување на нафтата и зголемена нестабилност на енергетските пазари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ