Техеран нема да се откаже од своето „право да збогатува ураниум“, истакна министерот, но може да преземе мерки за градење доверба во „мирнодопската природа на нуклеарната програма на Иран“. „Секако, тоа ќе го сториме само ако и другата страна преземе чекори за градење доверба, со укинување на дел од санкциите“, кажа Аракчи, додавајќи дека Техеран и Вашингтон разменуваат пораки преку посредници.
САД, европските сојузници и Израел го обвинуваат Техеран дека ја користи нуклеарната програма за да прикрие напори за развој на капацитети за производство на оружје. Иран, од друга страна, тврди дека ја развива својата нуклеарна програма исклучиво за мирни цели.
Пред 12-дневната војна меѓу Иран и Израел во јули, во која САД се вклучија со бомбардирање на клучните ирански нуклеарни постројки, Техеран и Вашингтон одржаа пет рунди нуклеарни разговори. Договорот беше спречен од неколку спорни прашања, пред сè прашањето за збогатување на ураниум на иранско тло, кое западните сили сакаат да го намалат на нула за да го намалат ризикот од нуклеарно оружје на Иран.






