петок, 4 јули 2025

Иран: Не го нападнавме Израел, одмаздата допрва следува

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелските медиуми во петокот објавија дека сите дронови лансирани од Иран биле соборени како одмазда за ноќните напади на Израел врз иранските нуклеарни постројки и елиминацијата на членовите на иранското воено раководство и научниците кои работат на нуклеарната програма.

Иран лансирал околу 100 дронови кон израелска територија како одмазда, која Израел се спрема да ја пресретне, изјави претходно портпаролот на израелската армија, бригаден генерал Ефи Дефрин, нешто што иранските медиуми сега го негираат.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му дал на Иран ултиматум од 60 дена да постигне нуклеарен договор, но дека сега можеби имаат нова можност да го променат тоа.

„Пред два месеци му дадов на Иран ултиматум од 60 дена да „склучи договор“. Требаше да го сторат тоа! Денес е 61-виот ден. Им кажав што треба да направат, но едноставно не успеаја. Сега можеби имаат втора шанса!“, објави Трамп на Трут соушал.

Трамп сака да преговара за нов нуклеарен договор со Иран за ограничување на збогатувањето на ураниум и се закани дека ќе го бомбардира доколку не постигнат договор. Но, Иран постојано повторува дека нема да се откаже од својата програма за збогатување на ураниум и ги негираше аспирациите за развој на нуклеарно оружје.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во петокот кратко по нападот објави дека САД не се вклучени во израелските напади, апелирајќи до Техеран да не ги таргетира американските интереси или персонал во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ