недела, 14 декември 2025

Иран: Нашиот збогатен ураниум е закопан под урнатините на нуклеарните постројки

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вчера изјави дека залихите високозбогатен ураниум на Иран се закопани под урнатините по нападите на САД врз нуклеарните постројки на земјата во јуни, објави Иран интернешнел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашиот збогатен ураниум е закопан под урнатините на бомбардираните нуклеарни постројки“, изјави Арагчи за државната телевизија.

Според Иран интернешнел, ова се чини дека е првото официјално тврдење дека залихите на Иран останале недопрени по нападот. Нивната локација и пристапот на инспекторите на ОН се причина за сериозна загриженост кај западните сили.

Тој предупреди дека ако Германија, Франција и Велика Британија го активираат ОН-механизмот за повторно воведување санкции (snapback), тие ќе бидат исклучени од нуклеарните разговори со Иран. „Доколку се активира механизмот против Иран, Врховниот совет за национална безбедност ќе одлучи за одговорот“, додаде тој, без да образложува.

Нуклеарниот надзорник на ОН минатата недела предупреди дека резервите на високозбогатен ураниум на Иран се „сериозна причина за загриженост“, додавајќи дека агенцијата немала увид во активностите на земјата од нападот во јуни врз нејзините нуклеарни објекти.

Во доверлив извештај што протече во медиумите минатата недела, Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) соопшти дека резервите на високозбогатен ураниум на Иран се зголемиле за речиси осум проценти пред Израел да ги нападне неговите нуклеарни објекти на 13 јуни.

Извештајот покажува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60%, што претставува зголемување од 7,9% во споредба со претходниот извештај на ИАЕА во мај.

„Во текот на овој период на известување, Агенцијата го изгуби континуитетот на сознанието во врска со моменталните резерви на нуклеарни материјали на Иран… на кои итно треба да се одговори“, се вели во извештајот.

Ројтерс во јуни објави дека поголем дел од збогатениот ураниум во иранскиот објект Форду изгледа бил преместен неколку дена пред нападот. Фајненшл тајмс исто така објави дека прелиминарните разузнавачки проценки, споделени со европските престолнини, покажале дека залихите биле преместени пред американските напади.

Експертите посочија на сателитски снимки на кои се гледаат конвои со камиони кај Фордо. Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли извештаите во интервју за Фокс њуз, велејќи дека Иранците не преместиле ништо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ