понеделник, 6 април 2026

Иран: Нападнавме американски воен брод со илјадници маринци

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека го нападнала американскиот воен брод УСС Триполи и го принудила да се повлече, пренесуваат иранските државни медиуми.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението што го пренесе агенцијата Фарс се наведува дека бродот бил нападнат со „молскавични ирански проектили“, по што, како што тврди ИРГЦ, се повлекол подалеку во јужниот Индиски Океан.

Засега не се објавени точното време ниту локација на наводниот напад.

Американската команда за Блискиот Исток засега не ги коментирала овие тврдења. УСС Триполи, амфибиски јуришен брод што може да носи хеликоптери и борбени авиони, пристигна во регионот на 27 март. На бродот се наоѓаат околу 2.500 маринци и околу 1.000 придружен персонал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ