Генерал-мајорот Али Абдолахи, командант на централниот штаб Хатам ел-Анбија, порача дека американскиот претседател Доналд Трамп „мора да ги почека нашите изненадувања“ и дека одговорот на вооружените сили ќе биде „поразорен отколку што непријателот може да замисли“, јавува Тасним.
Иранскиот министер за надворешни работи денес изјави дека глобалните последици од војната на Блискиот Исток ќе ги погодат сите, сугерирајќи дека повеќе западни функционери треба да се спротивстават на конфликтот.
„Бранот на глобални последици штотуку започна и ќе ги погоди сите, без оглед на богатството, верата или расата“, напиша на мрежата Икс иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, заедно со копија од оставката на директорот на американскиот Национален центар за борба против тероризмот Џо Кент, поднесена во вторникот.
Во оставката, Кент наведе дека не може „со чиста совест“ да ја поддржи тековната војна против Иран, бидејќи „Иран не претставува директна закана за нашата земја“.
Абас Арагчи изјави дека постои „сè поголем број гласови — вклучително европски и американски функционери“ што тврдат дека војната против Иран е неправедна.
„Повеќе членови на меѓународната заедница треба да го следат тој пример“, наведе тој.






