четврток, 18 декември 2025

Иран најави повлекување од договорот за неширење на нуклеарното оружје

Иранскиот парламент планира закон за повлекување на земјата од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ), по потенцијалното повторно воведување на санкциите на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Германија, Франција и Обединетото Кралство во четвртокот активираа механизам за брзо повторно воведување санкции врз Иран поради непочитување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу светските сили и Исламската Република.

Техеран вети дека ќе одговори на „неоправданата и нелегална“ одлука и сега се заканува дека ќе се повлече од НПТ, меѓународниот договор за неширење на нуклеарното оружје.

„Нацрт-законот е на дневен ред и следната недела ќе биде подложен на правна проверка и одобрување“, изјави денеска пратеникот Хосеин-Али Хаџи-Делигани за новинската агенција Тасним.

Тој рече дека со оглед на враќањето на санкциите на ОН, понатамошните нуклеарни разговори со Западот немаат смисла. Единствената опција, тврди Хаџи-Делигани, е целосно прекинување на односите со европското трио познато како Е3.

Иран нагласува дека нуклеарната технологија му е потребна за енергија, но Западот долго време се плаши дека тој се обидува да развие атомско оружје. Американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот од 2015 година за време на неговиот прв мандат, тврдејќи дека тој не ја ограничува доволно нуклеарната програма на Иран.

Техеран постојано се закануваше дека ќе се повлече од НПТ, но аналитичарите веруваат дека целта на парламентарната одлука е првенствено внатрешна пропаганда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ