четврток, 2 април 2026

Иран му одговори на Трамп: „Војната ќе трае додека непријателот не се предаде“

Иранските вооружени сили порачаа дека војната против Соединетите Американски Држави и Израел ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен, доведувајќи ги во прашање тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот би можел да заврши во наредните неколку недели.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава што ја пренесува полуофицијалната иранска агенција Тасним, портпаролот на иранската војска предупредува на понатамошна ескалација. „Војната ќе продолжи до предавањето на непријателот и неговото трајно каење“, порача тој.

Тој додаде дека Иран би можел да изведе „поразорни, пошироки и посилни напади“ против САД и Израел.

Изјавата доаѓа откако Трамп во своето синоќешно обраќање до нацијата повтори дека конфликтот би можел да заврши во рок од две до три недели, но без јасно објаснување како тоа би се постигнало.

Најави продолжување на нападите и се закани дека ќе го „врати Иран во камената доба“, што дополнително ја поттикна загриженоста од можна ескалација.

Војната меѓу САД, Израел и Иран трае од крајот на февруари и веќе сериозно го дестабилизира Блискиот Исток, со напади врз воени цели, инфраструктура и трговски бродови.

Особено е погоден Ормускиот теснец, клучна поморска рута за глобалното снабдување со нафта, каде што нападите и заканите речиси целосно го запреа сообраќајот, што доведе до раст на цените на енергенсите и дополнителна нестабилност на пазарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ