„Исламска Република Иран е одлучна да ја брани територијата, суверенитетот, безбедноста и народот на Иран со сета сила и сите средства против злосторничката агресија на Соединетите Американски Држави“, се наведува во соопштението.
Нападот го нарекоа очигледно кршење на Повелбата и резолуциите на Обединетите нации и побараа да се одржи итна седница за да се осуди нападот.