недела, 8 јуни 2025

Иран: Ќе ги пуштиме американските инспектори на МААЕ ако се постигне договор

Иран би можел да ѝ дозволи на Агенцијата на ОН за атомска енергија (МААЕ) да испрати американски инспектори на ирански локации доколку преговорите на Техеран со Вашингтон бидат успешни.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ова денеска го изјави директорот на иранската организација за атомска енергија, Мохамед Еслами.

„Нормално е дека на инспекторите од непријателските земји не им е дозволен влез, но доколку се постигне нуклеарен договор, би можеле да им дозволиме на американските инспектори кои работат за Меѓународната агенција за атомска енергија да ги посетат нашите нуклеарни постројки“, изјави Еслами.

Тој истакна дека збогатувањето на ураниум е „темел и столб на нуклеарната индустрија на земјата“, додавајќи дека Иран е како земја која има „електрична трафостаница и мрежа, но не ѝ е дозволено да гради електрана“, пренесува Ројтерс.

Се очекува Техеран и Вашингтон наскоро да одржат шеста рунда нуклеарни преговори, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува добар исход.

САД и Иран се судрија околу прашањето за збогатувањето на ураниум на Иран, за кое Вашингтон тврди дека е можен пат кон изградба на нуклеарно оружје и мора да се сведе на нула.

Техеран, од друга страна, тврди дека иранската нуклеарна програма се развива исклучиво за цивилни цели и смета дека индустријата за збогатување ураниум е „црвена линија“ во преговорите со САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ