вторник, 10 март 2026

Иран ја прозва ЕУ за „најголемо лицемерие“

Иран ја обвини Европската Унија за „најголемо лицемерие и двојни стандарди“ откако шефицата на ЕУ дипломатија ги критикуваше нападите на Хезболах врз Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Бакаеи напиша на социјалната мрежа Икс дека ЕУ „покажала рамнодушност“ додека Израел, како што наведе, „изврши геноцид во Газа“ и изврши напади во Либан и други земји.

„А сега, кога Либан се спротивставува, одеднаш се сеќавате на „меѓународното право““, кажа Бакаеи, додавајќи дека Брисел не може да тврди дека зборува во име на европските граѓани „чии народ гласно ги осудуваат израелските злосторства“.

Неговите забелешки следат по коментарите на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, која оцени дека одлуката на Хезболах да го нападне Израел „го загрозува целиот регион“.

Калас кажа и дека Израел има право на самоодбрана според меѓународното право, но предупреди дека израелскиот „претеран одговор“ предизвикува масовно раселување и дополнително ја дестабилизира веќе кревката ситуација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ