четврток, 12 март 2026

Иран ја обвини ЕУ за соучесништво во американско-израелската агресија: „Светот гледа“ (ВИДЕО)

Министерството за надворешни работи на Иран ја обвини Европската Унија за „соучесништво“ во американско-израелската војна против Техеран. „Индиферентноста и премолченото одобрување на Европската Унија ком американската и израелска агресија, бруталноста и злосторства не е ништо помалку од соучесништво“, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Есмаил Бакаеи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бакаеи го поткрепи своето тврдење, објавено на социјалната мрежа Икс, со видео од говорот на белгискиот левичарски пратеник Марк Ботенга во Европскиот парламент, додавајќи: „Светот гледа“.

Во средата во Стразбур Ботенга кажа: „Повеќето од вас не ја осудуваат, дури и ја поддржуваат војната на Трамп и Нетанјаху против Иран. Вашите бомби никогаш не донеле демократија и никогаш нема да донесат“. Ботенга не одговорил на новинарските барања за коментар.

Лидерите на Европската Унија имаат поделени ставови за конфликтот на Блискиот Исток. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен изјави дека „не треба да лееме солзи“ поради падот на иранскиот режим, додека претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта предупреди дека нападите на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху ризикуваат понатамошна дестабилизација на целиот Блиски Исток.

Во Европа, Шпанија е меѓу најострите критичари на воената акција, за разлика од ставовите што ги претставуваат Германија, Франција и Британија.

Коментарите на Бакаеи дојдоа неколку часа откако претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф предупреди дека нападите врз иранските острови ќе „ја прекршат секоја воздржаност“. „За крвта на американските војници лично е одговорен Трамп“, додаде Галибаф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ