вторник, 1 април 2025

Иран: Илјадници луѓе на митинг за поддршка на Палестинците

Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците на Техеран на годишните демонстрации за поддршка на палестинскиот народ.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите вееја ирански и палестински знамиња, како и знамиња на либанското исламистичко движење Хезболах.

Голем број учесници ги истакнаа натписите „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и извикуваа антиамерикански и антиизраелски пароли, пренесува агенцијата Франс прес.

Слични собири се одржаа низ целата земја, според сликите објавени од државната телевизија.

Митинзите беа организирани на крајот на Рамазан како знак на солидарност со Палестинците и против Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ