четврток, 12 јуни 2025

Иран и Русија склучија договор на 20 години

Иранскиот парламент ратификуваше 20-годишно стратешко партнерство меѓу Москва и Техеран за продлабочување на билатералните врски, вклучително и соработката во областа на одбраната, пренесуваат државните медиуми.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан потпишаа документ за стратешко партнерство на 17 јануари.

Руската Дума го усвои документот во април. Иако договорот не вклучува клаузула за меѓусебна одбрана, во него се наведува дека двете земји ќе соработуваат за заеднички воени закани, ќе развиваат воено-техничка соработка и ќе учествуваат во заеднички вежби.

Од почетокот на војната во Украина во 2022 година, Иран и Русија ги зајакнаа воените врски, а западните земји го обвинуваат Иран дека ја снабдува Русија со беспилотни летала и ракети за напади врз Украина. Техеран негира дека ја снабдува Русија со оружје во војната против Украина.

Стратешкиот пакт, исто така, вклучува неколку клаузули поврзани со зајакнување на економското партнерство, особено директна меѓу-банкарска соработка и промоција на заеднички национални финансиски производи.

Договорот меѓу Иран и Евроазиската економска унија предводена од Русија стапи на сила минатата недела, со што се намалија царините и се зголеми трговијата меѓу економиите погодени од строгите западни санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ