Русија и Иран соработуваат и сега во БРИКС кој на крајот на октомври на самитот во руски Казањ начелно го прифати предлогот на руското претседателство за формирање структура за меѓународни плаќања, со тежиште на националните валути и важна улога на централните банки во прекуграничните трансакции за платниот промет да се заштити од надворешни влијанија.
Руската и иранската централна банка во меѓувреме ја довршија првата фаза на интеграција на системите за плаќање Шетаб и Мир, објави во понеделникот на социјалната мрежа Икс шефот на одделот на иранската централна банка за односи со јавност Мостафа Гамари Вафа, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Граѓаните на Иран можат сега на територијата на Русија со картички од системот Шетаб да подигнуваат готовина во рубли, објасни иранскиот функционер. Рускиот систем за плаќање Мир е официјално поврзан со иранскиот Шетаб на церемонија во Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним.
„Со спроведувањето на овој проект правиме голем чекор во насока на дедоларизацијата и олеснувањето на плаќањата меѓу Иран и Русија“, кажа гувернерот на иранската централна банка Мохамед Реза Фарзин.
Проектот е поделен во три фази, кажа Фарзин, додавајќи дека на крајот на втората фаза руските туристи ќе можат во Иран да подигнуваат готовина на банкоматите со картички Мир. На крајот на трета фаза граѓаните на Иран ќе можат во Русија со картички Шетаб да плаќаат роба и услуги. Планот за поврзување на иранскиот и рускиот платежен систем во мај 2022 ја објави потпретседателот на руската влада Александер Новак.






