Ова се први разговори на Иран, со претставници на Обединетото Кралство, Франција и Германија, група позната како Е3, по 12-дневната војна на Иран со Израел во јуни, во која американските бомбардери ги напаѓаа иранските нуклеарни постројки.
Разговорите во иранскиот конзулат, кои завршија по четири часа, се фокусираа на можноста за повторно воведување санкции кон Иран кои беа укинати во 2015 година во замена Иран да прифати ограничувања и меѓународен мониторинг на неговата нуклеарна програма.
Иранскиот преговарач, заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади, рече дека „сериозниот, искрен и детален“ состанок се фокусирал на нуклеарното прашање и статусот на санкциите, со договор за продолжување на разговорите.
Земјите од Е3 претходно предупредија дека може повторно да се воведат санкции врз Иран според механизмот, кој дозволува една од западните земји повторно да воведе санкции на ОН доколку Техеран не ги исполни барањата.
„Двете страни дојдоа на состанокот со конкретни идеи. Беше договорено консултациите за ова прашање да продолжат“, изјави Гарибабади во објава на социјалните мрежи.
Механизмот за повторно воведување на санкциите „останува на маса“, изјави анонимно европски дипломат.






