петок, 3 април 2026

Иран ги гаѓаше Израел и земјите од Персискиот Залив, експлозии и околу Техеран и Исфахан

Иран испука ракети кон Израел и некои земји од Персискиот Залив, а експлозии се слушаа околу Техеран и во централниот ирански град Исфахан, додека Соединетите Американски Држави (САД) се подготвуваат дополнително да ги зголемат воените сили на Блискиот Исток. Во Израел, Бахреин и Кувајт беше во сила предупредување за ракетни напади, иако нема информации дека нешто е погодено.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Активисти пријавија напади околу Техеран и централниот град Исфахан, каде што исто така не е јасно што било цел и дали нешто е погодено со ракети.

Ирански дронови денеска ја погодија нафтената рафинерија во Кувајт Мина ал-Ахмади. По нападот избувна пожар, а државната нафтена компанија соопшти дека пожарникарите се на терен.

Во нападот нема повредени, соопшти компанијата.

Најголемиот американски носач на авиони „Џералд Р. Форд“ исплови од Сплит и „е подготвен за целосно извршување мисии во поддршка на националните цели во која било област на операција“, соопшти Шестата флота на морнарицата.

Како што наведува АП, не е јасно каде се упатил.

Американскиот брод „Абрахам Линколн“ останува во Арапско Море, а носачот на авиони „Џорџ Х. В. Буш“ во средата го напушти Норфок и се упати кон Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ