„Некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако преговорите не вродат со плод. Ако ни се наметне конфликт сите американски бази се во наш дострел и ние одважно ќе ги гаѓаме во земјите домаќини“, рече Насирзадех на прес-конференција.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано се заканува дека ќе го бомбардира Иран ако не се постигне нов нуклеарен договор.
Следната рунда преговори треба да се одржи оваа недела. Трамп ги најави разговорите за четврток, додека Техеран вели дека тие ќе се одржат во недела во Оман.
Иран треба да понуди контрапредлог на понудата на САД за постигнување договор кој Техеран го отфрли.
Трамп потоа реагираше велејќи дека Иран станува „сè поагресивен“ во преговорите.
Насирзадех потсети дека Техеран неодамна тестирал ракета со боева глава од два тона и дека не прифаќа никакви ограничувања. Врховниот лидер на теократската Исламска Република, ајатолахот Али Хамнеи, во февруари изјави дека Иран ќе продолжи да ги развива своите воени капацитети, вклучително и развојот на своите ракети.