Сега очекуваат стапката на инфлација во оваа година да изнесува 6,5 до седум отсто и да биде повисока отколку што прогнозираа во април. Оценија дека би можеле повторно да ги кренат каматните стапки за да ја спуштат кон таргетираните четири отсто. Во следната година растот на цените би требало да успори на четири до 4,5 отсто.
Инфлацијата во Русија во моментов изнесува 9,18 отсто и забележително забрза во однос на минатата година, кога цените во просек пораснаа за 7,4 отсто. Во 2022 беше блиску до 12 отсто. „Инфлацијата забрза и значително ги надмина прогнозите од април. Домашната побарувачка сè уште расте посилно од капацитетите за снабдување со стока и услуги“, процени централната банка.
Кредитирањето на граѓаните и компаниите континуирано расте а работници нема доволно, се додава. За стапката на инфлација да се врати на посакуваното ниво, монетарните услови мора да бидат значително построги од што претпоставуваме, порачуваат тие, додавајќи дека затоа ќе се разгледа евентуално дополнително зголемување на каматните стапки.
Руската економија, според централната банка, ја кренала проценката на раст на БДП од 2,5 до 3,5 на 3,5 до 4 отсто.






