Засега нема информации за жртви, но повеќе од 4.000 луѓе веќе ги напуштиле своите домови. Бројот на евакуирани лица се зголемува, според локалната агенција за катастрофи. Најмалку 24 летови до и од популарниот туристички остров Бали беа откажани во понеделник поради вулканска активност, дел од воздушниот сообраќај беше обновен во вторник наутро.
Според Мухамед Вафид, раководител на геолошката агенција на Индонезија, ерупцијата во 11:05 часот по локално време била најсилна од ноември минатата година. „Ерупција од ваков обем сигурно носи поголем ризик, вклучително и влијанието врз воздушниот сообраќај“, изјави Вафид.
Поради зголемениот ризик, властите ја проширија опасната зона на седум километри од централниот отвор на вулканот. Издадени се и предупредувања за можни лахарски поплави, лизгање на земјиштето од вулкански материјал, доколку регионот го погодат обилни дождови.
Вулканот со два врва повторно еруптираше во понеделник вечерта, исфрлајќи пепел и лава во висина до 13 километри. Трета ерупција се случи во вторник наутро, но со помал интензитет.
Снимките објавени во текот на ноќта покажуваат светло црвена лава како избива од врвовите додека жителите влегуваат во возилата обидувајќи се да избегаат од погодената област. „Додека ерупцијата продолжува, со неколку секундарни експлозии и облаци од пепел што се движат кон запад и север, заедниците што сè уште не се евакуирани имаат потреба од итна и целна помош“, изјави Паулус Сони Санг Тукан, раководител на селото Пулулера, кое се наоѓа на околу осум километри од вулканот.
Indonesia’s Mount Lewotobi Laki Laki volcano has erupted.pic.twitter.com/aT6UHMLb5X
— Thomas Sowell Quotes (@ThomasSowell) June 17, 2025
„Водата е сè уште достапна, но постои загриженост за нејзината чистота и можна контаминација, бидејќи целата наша област беше покриена со густа пепел за време на вчерашните ерупции“, додаде тој.
Indonésie 🇮🇩 – Lewotobi
🔸 D’autres images de l’impressionnante éruption explosive du Lewotobi Laki Laki en Indonésie.
Je rappelle, la colonne éruptive s’élève à 18 000 m au-dessus du cratère.
📹 De Putra Milanisti pic.twitter.com/qwqKPnpXnH
— 𝐆𝐞𝐨𝐓𝐚𝐥𝐞𝐬 (@GeoTales_) July 7, 2025
Левотоби Лаки-лаки еруптираше неколку пати оваа година, но досега немаше жртви. Сепак, ова потсетува на ерупцијата во ноември, кога загинаа најмалку десет лица, илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови.
Вулканот е наречен „Лаки-лаки“, што на индонезиски значи „маж“, во однос на блискиот и повисок, но моментално неактивен врв Перемпуан (жена) висок 1.703 метри. Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, односно област каде што често се случуваат земјотреси и вулкански ерупции поради судир на тектонски плочи.






