четврток, 22 мај 2025

Индиската армија: Мирна ноќ на индиско-пакистанската граница

Индиската војска соопшти дека изминатата ноќ била мирна на границата меѓу Индија и Пакистан, каде што во саботата заврши нивниот најсериозен воен конфликт во последните две децении.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ноќта беше главно мирна долж (индиската држава) Џама и Кашмир и меѓународната граница, за прв пат во последните неколку дена. Нема пријавени инциденти“, соопшти армијата.

Минатата недела Индија и Пакистан се најдоа на работ на нова војна, со напади со беспилотни летала, артилериски оган и ракетни напади, кои ескалираа.

Во средата индиските проектили уништија кампови на пакистанска територија во кои се верува дека била засолнета џихадистичка група за која Њу Делхи се сомнева дека ги уби 26-те цивили во индискиот дел на Кашмир на 22 април, што предизвика зголемување на тензиите.

Обвинет за поддршка на движењето, Пакистан, кој негира каква било вмешаност во нападот, возврати, вовлекувајќи ги двете нуклеарни сили во серија напади и контранапади.

Во саботата американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „целосен и итен прекин на огнот“ меѓу двата ривали, што веднаш беше потврдено од двете земји.

Според агенцијата Франс прес, околу 60 индиски и пакистански цивили биле убиени во борбите.

Двете земји во саботата вечерта меѓусебно се обвинија за прекршување на примирјето, но оттогаш не се пријавени дополнителни инциденти.

Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, а двете земји сметаат дека полагаат право на целата територија. Двете земји во минатото водеа две војни за тој хималајски регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ