петок, 30 мај 2025

Индија забрани увоз од Пакистан

Индиската влада денеска соопшти дека забранила увоз на стоки од Пакистан, бидејќи дипломатските тензии меѓу Њу Делхи и Исламабад ескалираа по убиството на 26 туристи во индискиот регион Кашмир.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Директниот или индиректниот увоз или транзит на сите стоки со потекло од или извезени од Пакистан, без разлика дали влезот е слободен или на друг начин дозволен, ќе биде веднаш забранет до понатамошно известување. Ова ограничување е воведено во интерес на националната безбедност и јавниот ред“, се вели во соопштението.

Мнозинството од населението на Кашмир е муслиманско, а регионот постојано е извор на конфликти меѓу Индија и Пакистан.

Како одговор на терористичкиот напад во Џаму и Кашмир, Индија презеде строги мерки против Пакистан, вклучително и протерување на воени аташеа, суспендирање на повеќе од шеесет години стариот Договор за сливот на реката Инд и итно затворање на копнената транзитна точка Атари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ