четврток, 1 јануари 2026

Индија: Успешно тестиравме нови квазибалистички ракети на цврсто гориво

Индија вчера соопшти дека успешно извршила лансирање на две домашно развиени ракети земја-земја со краток дострел „пралеј“, објави Министерството за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството наведе дека Организацијата за истражување и развој во одбраната (ДРДО) ги извршила лансирањата во брза низа од ист лансер, во близина на брегот на источната сојузна држава Одиша.

„Пробниот лет беше спроведен во рамките на испитни тестирања. Двете ракети ја следеа предвидената траекторија и ги исполнија сите цели на летот, што го потврдија сензорите за следење поставени од Интегрираниот полигон за тестирање Чандипур“, се наведува во соопштението.

„Пралеј“ е домашно развиена квазибалистичка ракета на цврсто гориво, опремена со напредни системи за наведување и навигација и способна да носи повеќе видови боеви глави против различни цели.

На тестирањата присуствуваа високи научници од ДРДО, претставници на Индиското воено воздухопловство и армијата, како и претставници на индустриските партнери вклучени во развојот и производството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ