понеделник, 8 декември 2025

Индија: Стампедо на верници во храм, девет загинати (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку девет лица, претежно жени и деца, загинаа во стампедо за време на масовно собирање на верници во храмот Шри Венкатесвара Свами во Касибуга, во округот Срикакулам во Андра Прадеш, по повод празникот Екадаши.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 18 лица се повредени, пренесува Индија тудеј.

Стампедото се случило поради голема наплив на верници кон храмот, чии простории биле во изградба, а влезот и излезот биле исти, соопшти Канцеларијата на главниот министер на Андра Прадеш.

Полицијата и спасувачките екипи ги пренесоа повредените во блиските болници. Спасувачките операции се во тек, се очекува бројот на жртви да се зголеми.

Речиси 25.000 верници влегле во храмот, кој може да прими само околу 2.000, што довело до несреќата, изјави државниот министер Анам Раманарџана Реди, додека локалните службеници беа задолжени да им обезбедат медицинска помош на повредените.

Владата ќе исплати отштета од 200.000 рупии (околу 1.950 евра) на семејствата на загинатите и 50.000 рупии (околу 488 евра) на семејствата на повредените, објави премиерот Нарендра Моди во објава на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ