недела, 15 јуни 2025

Индија го отфрли тврдењето на Трамп дека неговото посредување ги смирило тензиите на Индија и Пакистан

Индиската влада го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека помогнал во посредувањето во прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан во замена за трговски концесии.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рандир Џаисвал, портпаролот на индиското министерство за надворешни работи, кажа дека лидерите во Њу Делхи и Вашингтон биле во контакт минатата недела по конфликтот на индиската војска со Пакистан, но дека немало разговори за трговија.

„Прашањето за трговијата не се појави во ниеден од овие разговори“, кажа Џаисвал, мислејќи на разговорите меѓу потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и индискиот премиер Нарендра Моди како и меѓу државниот секретар на САД Марко Рубио и неговиор индиски колега Џаишанкар.

Откако во саботата беше постигнат договор меѓу Индија и Пакистан за прекин на огнот со посредување на САД за сопирање на воените акции на копно, во воздух и на море, Трамп на новинарите вчера им кажа дека им понудил помош на двете земји во трговијата ако се сложат на деескалација.

Војските на Индија и Пакистан беа во еден од своите најсериозни конфликти во последните неколку децении од минатата среда, кога Индија нападна мети во Пакистан за кои тврди дека се поврзани со милитантите одговорни за масакрот на 26 туристи минатиот месец во Кашмир кој е под контрола на Индија.

Трамп кажа дека не само што помогнал во посредувањето за прекин на огнот, туку и понудил посредување во врска со споровите во Кашмир, хималајскиот регион кој и Индија и Пакистан го сметаат за свој, но со кој управуваат делумно. Двете земји водеа две војни за Кашмир.

Њу Делхи кажа дека ја одбиле понудата на Трамп за посредување. „Имаме долгогодишен национален став дека сите прашања поврзани со федерално контролираната сојузна територија Џама и Кашмир мора да ги решаваат Индија и Пакистан билатерално. Нема промена на таа политика“, кажа Џаисвал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ