Оваа затворска казна од една година и осум месеци мора да биде потврдена од два апелациони суда, Имамоглу е во затвор од март, чекајќи судење по одделни обвиненија за корупција.
Ова е втор пат Имамоглу да биде осуден за навреда на јавни функционери, а во 2022 година беше осуден на две години и шест месеци затвор за критикување на претставници на изборната комисија поради одлуката за откажување на изборите во Истанбул во 2019 година, на кои тој го победи кандидатот на владејачката партија АКП.
Тој поднесе жалба на пресудата, но таа сè уште не е разгледана, Имамоглу ги негира обвиненијата, пренесува Ројтерс.
„Се борев против злоупотребата на судството и против употребата на судството како политичка алатка. Ова е вистинска навреда против нашата нација“, изјави Имамоглу, објавија турските медиуми.
Пресудата од 2022 година, доколку биде потврдена, би можела да го спречи Имамоглу да се кандидира на идните избори, а Универзитетот во Истанбул во март ја поништи дипломата на Имамоглу, без која тој не може да се кандидира за претседател.
Од октомври минатата година, полицијата приведе повеќе од 500 лица, од кои повеќе од 200 подоцна беа притворени во очекување на судење, како дел од истрагите во општините управувани од главната опозициска партија CHP, партијата на Имамоглу.
ЦХП ги негира обвинувањата за корупција и ги нарекува политизиран обид на владата да ги отстрани изборните закани кон Ердоган, кои владата ги отфрла.






