недела, 14 декември 2025

Илон Маск дава милион долари за мурали со ликот на убиената Украинка

Еоган Мекејб, извршен директор и основач на компанијата Интерком, понуди 500.000 долари за изработка на мурали со ликот на Ирина Зарутска, Украинката чие убиство ги шокираше Соединетите Американски Држави.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Нудам 500.000 долари во грантови од 10.000 долари за сликање мурали на Ирина Зарутска на истакнати локации во американските градови“, напиша Мекејб на социјалната мрежа Икс. Тој ги охрабри оние кои сакаат да учествуваат во иницијативата или да донираат пари да ја контактираат шефица на неговиот кабинет, Кејти Бренске Толстед.

Најавата на Мекејб го привлече вниманието на најбогатиот човек во светот Илон Маск, кој понуди 1 милион долари за мурали. Маск претходно беше гласен за случајот, особено за медиумското известување за убиството и реакцијата на јавноста.

Лице вклучено во иницијативата потврди за Фокс њуз дека преговорите со повеќе од 1.000 уметници низ целата земја и потрагата по вистинските локации за муралите се во тек.

23-годишната Ирина Зарутска беше убиена во неиспровоциран напад во воз минатиот месец. Нејзината смрт предизвика широка дебата за американскиот правосуден систем и криминалот во американските градови.

Младата Украинка беше избодена со нож од 34-годишен бездомник со долга историја на кршење на законот и ментални проблеми. Нападот се случил во петокот вечерта, 22 август, а девојката починала на местото на настанот од убодни рани.

На безбедносните снимки, објавени од Транзитниот систем на областа Шарлот (КАТС), се гледа Зарутска како влегува во возот во 21:46 часот облечена во униформа на пицерија, седнува и гледа во мобилниот телефон.

Само четири минути подоцна, 34-годишниот Декарлос Браун Помладиот извадил преклопен нож и ја избодел три пати, барем еднаш во вратот, соопшти полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ