Федералната администрација за воздухопловство во петокот им нареди на авиокомпаниите да го намалат за 4 отсто бројот на летови на 40-те најголеми аеродроми во земјата поради рекордно долгата блокада на владата.
Сообраќајот ќе биде намален за 10 отсто до 14 ноември доколку блокадата не заврши.
Ова не важи за меѓународните летови.
Министерот за транспорт Шон Дафи вчера предупреди дека би можел да го намали воздушниот сообраќај за 20 отсто доколку блокадата не заврши.
Затворањето на владата почна на 1 октомври бидејќи републиканците и демократите не можат да се договорат околу буџетот.






