петок, 6 февруари 2026

Идната норвешка кралица Мете-Марит: „Се извинувам за пријателството со Епстин“

Норвешката престолонаследничка Мете-Марит денеска повторно се извини поради пријателството со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, во еден од неколкуте скандали што ја погодија кралската фамилија во таа нордиска земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така се извинувам за ситуацијата во која ја доведов кралската фамилија, особено кралот и кралицата“, изјави Мете-Марит Тјесем Хејби во соопштение објавено од кралската палата.

Новите досиеја поврзани со Епстин, кои минатата недела ги објави американското Министерство за правда, вклучуваат обемна електронска преписка меѓу Мете-Марит и Џефри Епстин по 2008 година, кога тој беше прогласен за виновен за сексуални злосторства врз деца. Мете-Марит, сопруга на синот на кралот Харалд, престолонаследникот Хокон, и претходно се извини поради одржувањето контакти, наведувајќи дека лошо проценила.

Норвешкиот премиер во понеделникот изјави дека Мете-Марит и други истакнати Норвежани, кои се споменуваат во најновообјавените документи за Епстин, треба да дадат повеќе детали за своите контакти со него.

Норвешката кралска фамилија веќе се соочува со неколку предизвици. Мариус, синот на Мете-Марит од врска што му претходела на бракот со престолонаследникот Хокон, во моментов се суди за силување и семејно насилство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ