четврток, 5 февруари 2026

Идентификувани уште 16 загинати во пожарот во Швајцарија

Швајцарската полиција идентификувала уште 16 лица кои загинале во пожарот во еден бар за време на новогодишната ноќ, во кој загинаа 40 лица во една од најсмртоносните несреќи во поновата историја на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу идентификуваните сега се 10 државјани на Швајцарија, како и двајца државјани на Италија, едно лице со италијанско-емиратско државјанство, државјанин на Романија, едно лице од Франција и државјанин на Турција, соопшти полицијата на Вала кантонот. Имињата не се објавени, пренесува Ројтерс.

Полицијата досега идентификуваше 24 лица кои загинаа во пожарот во планинското одморалиште Кран-Монтана на југот на Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ