сабота, 12 јули 2025

ИАЕА: Нема зголемени нивоа на радијација по американските напади на Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) денес објави дека нема зголемување на нивото на зрачење по нападите на САД врз три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи го и нуклеарниот објект во Фордо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По нападот врз три нуклеарни објекти во Иран – вклучувајќи го и Фордо – ИАЕА може да потврди дека досега нема зголемување на нивото на зрачење околу тие локации“, објави ИАЕА на социјалната мрежа Икс.

Агенцијата соопшти дека дополнителни проценки за ситуацијата во Иран ќе бидат дадени кога ќе бидат достапни повеќе информации.

Се верува дека објектот за збогатување ураниум во Фордо е една од најважните цели на Израел во која ја почна против Иран.

Иран претходно објави дека ги евакуирал трите нападнати нуклеарни објекти некое време пред бомбардирањето.

Соединетите Американски Држави ги бомбардираа нуклеарните објекти на Иран во Фордо, Натанц и Исфахан, објави претходно американскиот претседател Доналд Трамп, фалејќи се дека објектите се „целосно уништени“.

Иранското надзорно тело за нуклеарна енергија објави дека нема траги од контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, пренесува Ројтерс.

Нуклеарната централа Фордо не претрпе значителна штета, изјави државен службеник за иранската новинска агенција Фарс, истакнувајќи дека се оштетени делови од централата се „на површината“ и можат лесно да се обноват, според Ројтерс.

Не се откриени радиоактивни траги во околината на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот Залив по нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран, објави во неделата на платформата Икс надзорното тело за нуклеарна енергија на Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ