четврток, 10 јули 2025

ИАЕА: Израел го уништи главниот ирански објект за збогатување ураниум

Надземните објекти за збогатување ураниум во иранската нуклеарна централа Натанз се уништени, изјави Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Моментално сме информирани од иранските власти за напади врз два други објекти за збогатување нуклеарно гориво во Фордов и во Исфахан“, кажа Гроси.

„Во овој момент немаме доволно информации освен што можеме да потврдиме дека имало воена активност и околу овие објекти“, додаде тој.

Огромниот нуклеарен комплекс Натанц е главниот објект за збогатување ураниум во Иран. Се состои од подземен објект за збогатување ураниум и надземен оперативен дел.

Експертите кои ги проценија достапните сателитски снимки велат дека штетата врз нуклеарните објекти на Иран од првиот бран израелски напади се чини ограничена.

„Не можеме да видиме никаква видлива штета во Фордов или Исфахан. Има штета во Натанз“, кажа нуклеарниот експерт Дејвид Олбрајт.

Но, „нема докази дека подземниот објект е уништен“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ