четврток, 10 јули 2025

ИАЕА: Ескалацијата меѓу Израел и Иран загрозува животи, се заканува истекување на радијација

Главниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) ги повика страните во конфликтот меѓу Израел и Иран да покажат максимална воздржаност и изрази жалење за последиците што конфликтот може да ги има врз дипломатските напори со Техеран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Гроси го изјави ова денес на вонредниот состанок на Одборот на гувернери на ИАЕА, додека конфликтот меѓу Израел и Иран продолжува четврти ден по ред.

„Воената ескалација ги загрозува животите, ги зголемува изгледите за истекување на зрачење со сериозни последици за луѓето и животната средина и ја одложува потребната работа кон дипломатско решение за да се обезбеди на долг рок Иран да не развива нуклеарно оружје“, кажа тој.

Гроси, исто така, извести за иранскиот комплекс за збогатување на ураниум Натанз, кој беше значително оштетен од израелските напади во петокот.

Додека подземниот дел од централата не беше директно нападнат, опремата која се наоѓа таму можеби оштетена поради прекинот на електричната енергија, рече тој.

Контаминацијата со радијација во комплексот е штетно, но може да се толерира со соодветна респираторна заштита, рече тој.

„Радиоактивноста надвор од Натанз не се променила и е на нормално ниво, што укажува дека немало надворешно радиолошко влијание врз населението и животната средина од овој настан“, кажа Роси.

Освен Натанз, четири нуклеарни објекти во Исфахан беа оштетени во нападите, додаде тој.

Но, кажа дека нема извештаи за штета на централата Фордов, нуклеарната централа во Бушер и реакторот во изградба.

Инспекторите на ИАЕА сè уште се во Иран и се подготвени да продолжат со мониторингот штом условите дозволат, кажа тој.

Во својот последен извештај, ИАЕА предупреди за неодамнешното значително зголемување на залихите на ураниум во Иран што може да се користи за нуклеарно оружје. Техеран негира дека сака да развива нуклеарно оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ