сабота, 20 декември 2025

Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на холандскиот товарен брод во Аденскиот залив

Јеменските бунтовници хути денес ја презедоа одговорноста за нападот врз холандскиот товарен брод кој беше запален во Аденскиот залив.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападот врз бродот Минерваграхт кој се случи во понеделникот, 29 септември, беше најсериозниот напад на Хутите во последните неколку месеци.

Хутите потопија четири брода во Аденскиот залив од ноември 2023 година, а нивните напади се поддржани од Иран.

Бунтовниците испукале крстосувачка ракета која го погодила Минервагахт, според нивниот воен портпарол Јахја Сари.

Тој ги обвини сопствениците на бродот, компанијата Сплитоф со седиште во Амстердам, за кршење на „забраната за влез во пристаништата на окупирана Палестина“.

Заедничкиот поморски информативен центар со кој управува американската морнарица објави дека Минервагахт нема никаква врска со Израел, а вчера беше објавена порака во која се наведува дека центарот сè уште „ја разгледува врската на бродовите поради можни врски со Израел“.

Во нападот се ранети двајца морнари, а екипажот бил составен од 19 лица од Филипините, Русија, Шри Ланка и Украина, кои биле принудени да се евакуираат од бродот по нападот.

Сплитоф денес објави дека соработува со меѓународните власти и експертите за спасување со цел да го обезбеди и заштити бродот.

„Уште еднаш би сакале да ја изразиме нашата најдлабока загриженост за инцидентот од оваа недела, што беше директен напад врз нашите невини морнари и кршење на правото на слободна пловидба“, се вели во соопштението на Сплитоф.

Хутите почнаа напади со ракети и беспилотни летала врз повеќе од 100 бродови и на Израел како одговор на војната во Појасот Газа, под изговор дека дејствуваат во солидарност со Палестинците, иако некои од нивните цели воопшто немаа врска со Израел.

Последниот регистриран напад врз комерцијален брод во Аденскиот залив пред Минерваграхт се случи во август 2024 година, а нападите на хутите во текот на изминатите две години значително го нарушија поморскиот сообраќај во Црвено Море.

Хутите ги запреа нападите врз бродовите и Израел за време на краткото примирје во војната, а подоцна станаа цел на кампањата на воздушни напади наредена од претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, пред тој да прогласи прекин на огнот со бунтовниците.

Во кампањата против бродовите на хутите се убиени најмалку осум морнари и потопени четири брода, а тие денес објавија дека вовеле санкции против неколку американски нафтени компании, вклучувајќи ги Шеврон и Ексон мобил, како и поединци и два брода.

Хутите и претходно издаваа вакви санкции пред да почнат напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ