понеделник, 15 декември 2025

Хуманитарната помош се упатува кон Газа по предупредувањата за масовен глад

Конвој со хуманитарна помош тргна од Египет кон Појасот Газа по зголемениот меѓународен притисок и предупредувањата од голем број хуманитарни агенции дека масовен глад се шири низ енклавата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска објави дека ќе обезбеди „хуманитарни коридори“ за безбедно поминување на конвоите на Обединетите нации што доставуваат помош за жителите на Газа и дека ќе воспостави „хуманитарни паузи“ во густо населените области.

Израел претходно продолжи да доставува воздушна помош во Појасот Газа, како што потврдија палестински извори.

Во соопштението се вели дека помошта ќе вклучува седум палети брашно, шеќер и конзервирана храна обезбедени од меѓународни организации, пренесува Ројтерс.

Најавата за испорака на помош дојде неколку дена откако повеќе од 100 хуманитарни агенции предупредија дека масовен глад се шири низ Појасот Газа.

Израел: Нема глад, виновни се ОН и Хамас

Израел, исто така, ги обвини Обединетите нации дека не реагирале навремено, велејќи дека 700 камиони со помош биле паркирани во Газа.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) нагласуваат дека нема глад во Појасот Газа, ова е лажна кампања промовирана од Хамас“, соопшти израелската војска во саботата.

„Одговорноста за дистрибуција на храна до населението во Газа е на ОН и меѓународните хуманитарни организации. Затоа, од ОН и меѓународните организации се очекува да ја подобрат ефикасноста на дистрибуцијата на помошта и да се погрижат помошта да не стигне до Хамас.“

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја опиша кризата како „масовен глад предизвикан од човечки активности“.

Повеќе од 125 луѓе починале од неухранетост, меѓу кои 85 деца, соопшти во саботата Министерството за здравство на Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ