петок, 13 јуни 2025

Хрватскиот претседател Милановиќ кажа дека повеќе нема да се кандидира за политички функции

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денес изјави дека повеќе нема да се кандидира за ниедна политичка функција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„повеќе нема да бидам кандидат за претседател, ниту за што било друго во политиката“, кажа Милановиќ во говорот со кој ги отвори Деновите на комуникацијата во Ровињ.

„Некои работи полека ги резимирам, ги гледам и заклучувам дека е убаво да се биде во стадо, заштитен од другите, да се крека од третиот ред како гладно пиленце, но во стадото и смрди“, кажа тој.

Милановиќ на почетокот на оваа година со уверливо мнозинство од гласовите во вториот круг од претседателските избори го освои вториот мандат на челото на државата, а според уставот, истото лице може најмногу два пати да биде бирано за таа позиција. Мандатот на претседателот трае пет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ