недела, 21 декември 2025

Хрватскиот министер за стопанство: Хрватска е спремна да го купи НИС ако е тоа решение

Хрватскиот министер за стопанство Анте Шушњар денес изјави дека Хрватска е спремна да ја купи Нафтената индустрија на Србија (НИС) доколку тоа е решението.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата рака е подадена, ако тоа е решението, ние сме подготвени за таа опција“, изјави Шушњар пред новинарите, коментирајќи го воведувањето на американските санкции врз НИС.

Тој кажа дека на тој начин би се обезбедиле континуитетот и деловните интереси на Јадранскиот нафтовод, кој е тесно поврзан со НИС веќе 40 години, „без никакви претензии да завладее со малопродажниот пазар во Србија“.

„Тоа би ни олеснило и на нас и на Србија“, додаде хрватскиот министер кој доаѓа од десничарското Татковинско движење, малцински партнер во владата на премиерот Андреј Пленковиќ на Хрватската демократска заедница (ХДЗ).

Тој додаде дека рафинеријата во Панчево снабдува 20 проценти од пазарот на деривати во Босна и Херцеговина (БиХ).

„Ова е дополнителен предизвик и за БиХ, а до крајот на месецот очекуваме завршување на модернизацијата на рафинеријата во Риека, што би ги зголемило капацитетите, така што на тој начин би можеле да ѝ помогнеме на БиХ, а делумно и на Србија“, додаде Шушњар, пренесува Хрватската радиотелевизија.

Тој ги отфрли оценките дека развојот на настаните со НИС и санкциите ја загрозуваат позицијата на Хрватска во преговорите со МОЛ за снабдување на Унгарија и Словачка со доволни количества нафта.

Министерот кажа дека Хрватска е подготвена да испорача доволни количини нафта на Унгарија, Словачка и Србија кога околностите и геополитичките околности ќе го дозволат тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ