четврток, 29 јануари 2026

Хрватска засега не влегува во Трамповиот Одбор за мир: „Фала за поканата, но не“

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изјави денеска, по телефонски разговор со претседателот Зоран Милановиќ, дека Хрватска „во овој момент“ нема да пристапи кон Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ставот на Владата и на парламентарното мнозинство, по темелни анализи, е дека во овој момент Хрватска не би пристапила кон Одборот за мир од низа причини“, изјави Пленковиќ пред новинарите во Загреб.

Тој додаде дека „кратко телефонски разговарал“ со претседателот Милановиќ, кој претходно го повика премиерот на консултации, предупредувајќи дека за поканата за учество во Одборот за мир, според Уставот, не може да се одлучува без усогласен став на претседателот и Владата.

Пленковиќ рече дека му се јавил на Милановиќ по анализата направена во Владата и го отфрли неговото тврдење дека го бара разговорот затоа што му е потребно „покритие“.

Кабинетот на претседателот Милановиќ се огласи по изјавата на Пленковиќ и во соопштение потврди дека премиерот и претседателот разговарале телефонски.

Милановиќ, како што се наведува, му пренел на премиерот дека „иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп е правно заснована на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

„Иако треба да се поздрави секоја иницијатива што придонесува за мир на Блискиот Исток, ставот на претседателот Милановиќ е дека Република Хрватска не треба да учествува во Одборот за мир, што тој и го пренесе во разговорот на претседателот на Владата“, се наведува во соопштението од Кабинетот.

Пленковиќ и Милановиќ им припаѓаат на различни, ривалски партии, а нивните односи се напнати, што често се одразува и врз надворешната политика и одбраната, области во кои, според Уставот, се должни да соработуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ