Хрватското Министерство за здравство соопшти дека 29 повредени лица се префрлени во болниците во Загреб, Сисак и Пакрац, каде што им е укажана медицинска помош.
Во соопштението се наведува дека веднаш по добивањето на информацијата за сообраќајната несреќа, која се случила околу три часот, на местото на настанот излегле сите дежурни служби за итни случаи, девет екипи на службата за итна медицинска помош, од кои шест од Сисачко-Мославинската жупанија и три екипи од Загрепската жупанија.
„Изразуваме сочувство до семејствата на починатите лица и посакуваме брзо закрепнување на лицата кои се на лекување во нашите болници“, се вели во соопштението.
Во тек е истрага за утврдување на сите околности на сообраќајната несреќа.
Поради сообраќајната незгода сообраќајот на таа делница од автопатот се одвива отежнато, извесен период автопатот помеѓу Поповача и Криж беше целосно затворен, возилата се пренасочуваа по државните патишта.
Според информациите од полициската управа Сисак-Мославина, две лица загинале, а 31 се повредени, пренесува Н1.
„Од вкупно 29 хоспитализирани лица, на неколку лица моментално им е извршена операција, но ниту едно од нив не е во животно-загрозувачка состојба“, изјави рена Хрстиќ на прес-конференција во Пула.
Хрстиќ рече дека според првичните проценки, една третина од повредените имаат сериозни повреди, а останатите се во фаза на дијагностичка обработка.
„Повредите што бараат хируршка интервенција се претежно од коскена и зглобна природа. Досега, животите на никој не се загрозени“, додаде министерката за здравство.