сабота, 20 декември 2025

Хрватска се закани дека ќе ја стопира Србија на патот кон ЕУ

По поставувањето услови за Црна Гора, Хрватска се сврте кон Србија. Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави дека „Хрватска нема да ѝ даде зелено светло на Србија за влез во Европската Унија сè додека не се реши прашањето за исчезнатите лица од војната во Хрватска“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Прашањето за исчезнатите лица и прашањето за влез на Србија во Европската Унија се две меѓусебно поврзани работи. Не може да се случи една земја да нема билатерално решени отворени прашања со друга, а другата, во овој случај Хрватска, да даде зелено светло за влез во ЕУ“, кажа Анушиќ, а објави Хрватската радиотелевизија.

Тој нагласи дека „прашањето за исчезнатите лица е првото и најважно прашање во односите меѓу Хрватска и Србија“.

„Очекуваме Србија да ја исполни својата обврска“, истакна хрватскиот министер, според медиумските извештаи.

Анушиќ присуствуваше на церемонијата на испраќање на припадниците на 44-от хрватски контингент во операцијата на НАТО на Косово, Кфор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ