петок, 25 јули 2025

Хрватска ја извести ЕУ дека на Хрватите неосновано им се одбива влез во Србија

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман ја информираше високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, дека на хрватските граѓани несоодветно им се одбива влез во Србија, објавија вчера загрепските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Грлиќ Радман им изјави на новинарите по вчерашната владина седница дека го сторил тоа „бидејќи слободата на движење е една од основните слободи на ЕУ“ и дека тоа се „европски вредности, а тука се работи и за соседна земја, кандидат за членство во Европската Унија“.

Тој истакна дека од август минатата година, на 50 хрватски граѓани или им е спречен влезот во Србија или „им се одбиени дозволи за престој, дури и се протерани некои што веќе биле во Србија“ бидејќи претставуваат наводна безбедносна закана.

Вчера Министерството за надворешни и европски работи препорача хрватските граѓани да ги одложат сите непотребни патувања во Србија и повика на зголемена претпазливост и следење на ситуацијата.

Грлиќ Радман потсети дека последната препорака била на 13 март, а новата се издава „со оглед на неодамнешните настани и протести во Србија“.

„И со оглед на фактот дека на 27 јуни, денот пред централниот голем протест, на 14 млади хрватски државјани, претпоставувам дека биле студенти, не им било дозволено да влезат во Србија… Немало официјално објаснување, но неофицијално од граничната полиција им било кажано дека се осомничени дека имаат намера да учествуваат во протестот“, изјави Грлиќ Радман.

Тој објасни дека новата препорака е издадена „токму во светлината на овие несоодветни и неосновани постапки на органите на Република Србија кон хрватските граѓани на границата“ и со оглед на тоа што хрватските граѓани „очигледно сè уште имаат намера да одат (во Србија), но сакаме да ги предупредиме, препорачуваме одложување на сите непотребни патувања“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ