понеделник, 8 декември 2025

Хрватска и Кипар сакаат Украина да учествува на самитот во Будимпешта

Украина би требало да учествува на потенцијалниот самит меѓу Соединетите Американски Држави и Русија во Будимпешта, се согласија денес во Загреб хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и кипарскиот претседател Никос Христодулидис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателите на САД, Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин, минатиот четврток се согласија во телефонски разговор наскоро да се сретнат во главниот град на Унгарија, но надежите на Трамп дека тоа ќе се случи бледнеат откако подготвителниот состанок на министрите за надворешни работи на двете земји оваа недела беше одложен, објави вчера Си-ен-ен.

„Доколку (самитот) се одржи, јасно кажавме дека сите обиди што можат да придонесат за создавање мир или прекин на огнот се добредојдени, но исто така и Украина треба да го има своето место на масата. Европската Унија треба да го има своето место на масата“, кажа Пленковиќ на прес-конференција со Христодулидис во Бански двори.

Во меѓувреме Кремљ го негираше текстот на Си-ен-ен и наведе дека состанокот не може да се одложи бидејќи уште не е ни договорен.

Тој повтори дека секое мирно решение треба да ги почитува основните принципи на меѓународното право и територијалниот интегритет, бидејќи сè друго би значело наградување на агресорот со територија и создавање опасен преседан.

Христодулидис кажа дека Кипар ја поддржува секоја иницијатива која ќе ја прекине инвазијата и окупацијата на Украина, но дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да биде присутен во Будимпешта.

„Договор не може да се постигне без земјата што е под окупација“, рече кипарскиот претседател.

Зеленски вчера изјави дека е подготвен да дојде на состанокот во Будимпешта доколку биде поканет.

Исто така, Пленковиќ кажа дека тој и неговиот соговорник денес го поздравија планот на Трамп од 20 точки за Газа, кој го нарече „почетна точка“.

„Многу е важно тој да биде одржлив, да нема нова ескалација и за тоа е потребно да се донесат одлуки на ниво на Советот за безбедност (на Обединетите нации), за да се дефинира мандатот на меѓународните сили за стабилизација кои би имале можност да го следат прекинот на огнот“, кажа хрватскиот премиер.

Важно е новата ситуација на Блискиот Исток да се искористи за сеопфатно мирно решение, кое е решение со две држави, додаде Пленковиќ.

Христодулидис нагласи дека ги поддржува мировните напори за Блискиот Исток и верува дека ЕУ може да игра клучна улога во „консолидирањето на овие напори“.

„Сакаме соработка со Блискиот Исток. Тоа ќе биде еден од приоритетите на нашето претседателство“, кажа претседателот на Кипар, кој ќе го преземе претседателството со Советот на ЕУ од јануари 2026 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ